Во Црна Гора 454 нови случаи на коронавирус, седум лица починаа

пред 4 години

Во Црна Гора се регистрирани 454 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека биле тестирани 1.470 лица. Најмногу заразени има во Подгорица, каде се регистрирани нови 235 случаи.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 547, а 556 од почетокот на годината.

Бројот на активни случаи на коронавирус во Црна Гора во моментов е 10.590.

Share
Scroll to Top