Американскиот Сенат: Путин е воен злосторник

пред 2 години

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник и се осудува руската акција во Украина.

Текстот на резолуцијата ги осудува „Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин, членовите на руската делегација во Советот за безбедност, руските вооружени сили и руските воени команданти за флагрантни акти на агресија и други злосторства кои достигнуваат злосторства против човештвото и воени злосторства против народот на Украина и другите“, пренесува Тасс.

Невообичаено меѓупартиско гласање го повика Меѓународниот кривичен суд во Хаг да ја испита одлуката на Путин за напад на Украина, јавува Би-Би-Си.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, пред гласањето изјави дека Путин треба да одговара за „злосторствата извршени во Украина“.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам, креаторот на овој закон, рече дека ќе работи со британските сојузници и други за да се создаде внатрешна служба која ќе и открие на јавноста кои руски воени единици се вклучени во воени злосторства, како и имињата на нивните команданти.

Share
Scroll to Top