Грција го намалува рокот за важност на ковид-сертификатите

пред 2 години

Грчкото Министерство за здравство денеска поднесе амандман со кој се намалува важноста на сертификатот за вакцинација против Ковид-19 на три месеци, од сегашните шест, по препорака на експертската комисија.

Врз основа на таа одлука, сите потврди издадени до 30 октомври 2021 година престануваат да важат на 31 јануари 2022 година, а сите други потоа за три месеци, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Единствен исклучок се луѓето кои не можат да ја примат вакцината од здравствени причини.

Share
Scroll to Top