Познатиот колумбиски пејач Хосе Алваро Осорио Балвин, познат како Џеј Балвин, испиша историја со компанијата за патики „Најки“. Неговите патики Air Jordan I x I Balvin, излегоа во продажба на 8. декември, 10 месеци откако претходно беа најавени.
Истите биле распродадени ширум светот во најкраток можен рок. Колумбиецот на тој начин влегол во историјата на компанијата „Најки“, како прв латино уметник, кој соработувал со брендот „Џордан“.
Освен по популарните песни, Бавин е познат и по својот моден стил и големиот број на патики кои ги поседува.Тие најчесто се шарени и необични, исто како и овие кои ги направил во соработка со компанијата „Најки“.
Музичарот на фановите делумно им ја покажал назнаката за патиките кои ги дизајнирал во февруари оваа година, кога се појави на годинашниот „Супербоул“ и се приклучи на Џенифер Лопез на сцената.
Инспирирани од неговите најнови студиски албуми, Colores и VIbras, неговиот модел на патики имаат голем број на бои. Ги има во бело-црни, со знаците на смајли, гром и разни други детали.
Пејачот кој на „Инстаграм“ го следат повеќе од 45 милиони луѓе од целиот свет, изјавил дека оваа соработка е уште еден начин на кој тој може да се поврзе со светот и дека тоа било остварување на неговиот сон.
Неговите патики чинат 190 долари, а можат да се најдат во разни трговски центри како што се Foot Locker, Shoe Gallery, Sole Fly и многу други.