(Видео) Ѓоко Ѓорчев и Кате Брезова снимија дует во пресрет на Свети Трифун

(Видео) Ѓоко Ѓорчев и Кате Брезова снимија дует во пресрет на Свети Трифун

пред 3 години

Во пресрет на празник Свети Трифун, кој се одбележува во целата земја, а особено во Тиквешијата, неготинчанецот Ѓоко Ѓорчев сними дует со пејачката Кате Брезова. Станува збор за евергринот „Help me make it through the night“, од репертоарот на познатиот американски пејач Крис Кристоферсон, што тој го отпеа со Рита Кулиџ и Нора Џонс, а дел е од репертоарот на многу светски ѕвезди.

И двајцата со својата интерпретација и дадоа печет на оваа позната песна, која им е драга на припадници на повеќе генерации.

Песната Help me make it through the night е снамана во Студио – Анастасија, продуцент на песната е Љупчо Павловски, Аранжман Љупчо Павловски, гитари Димитар Коцев.

Share
Scroll to Top