Курт Кејпвел, австралискиот рагби играч на Пенрит пантерс, призна дека е засрамен откако тврдеше дека бил „измамен“ да се појави во геј порно филм на почетокот на неговата кариера.
27-годишниот Кејпвел вели дека контактирал со Националната рагби лига (НРЛ) откако слики од филмот се појавиле на продажба минатата година, а сега се рашириле и на социјалните мрежи. Тој вели дека видеото било снимено во 2013 година кога имал само 20 години (и бил член на Ипсвич џетс), откако добил понуда да се појави во фото-сесија а спортска опрема, но снимањето подоцна прераснало во филм за возрасни.
„Бев млад и наивен и не бев во позиција да ги одбијам парите кои ми беа понудени. Организаторот користеше дополнителни пари за да ме убеди. Ја прифаќам одговорноста, но сакам да пратам порака до младите луѓе да внимаваат кога ќе им бидат понудени пари за фотосесии“, вели Кејпвел, кој во моментов е во врска со жена.