Прв пораз на Милан – Јувентус се газди во Италија

Прв пораз на Милан – Јувентус се газди во Италија

пред 3 години

Фудбалерите на Јувентус го победија Милан, во Милано, со 3:1, во дерби мечот во Серија А. Поразот во дербито е прв за Милан сезонава. Милан остна на челната позиција, благодарение на поразот на Интер од Сампдорија, додека Јувентус се четврти со седум бода помалку и натпревар помлку од лидерот.

Милан без Ибрахимовиќ, Тонали, Круниќ, Ребиќ не можеше да го избегне поразот во чии редови блескаа Паоло Дибала и двојниот стрелец Федерико Киеза.

Дибала му ги намести головите на Киеза во 18. и 62.минута. Точка на победата стави Американецот Мекени во 78.минута по одличното додавање од Кулушевски.

Милан единствено што направија е што успеаја да израмнат во 41.минута со преубавиот гол на Калабрија.

Во наредната рунда двата тима ќе играат на домашен терен, Милан против Торино, а Јувентус против Сасуоло.

Share
Scroll to Top