Затвореник синоќа нападнал вработен во Казнено-поправната установа „Идризово“, за време на смотра на затворениците, соопшти МВР.
„ На 10.12.2020 во 20.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот, при смотра на затворениците, А.С.(30) од Кичево, вработен во Казнено-поправна установа „Идризово“, бил физички нападнат од затвореникот Х.Б.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ се наведува во соопштението.