Артета подготвен да го врати Озил во тимот во јануари

Артета подготвен да го врати Озил во тимот во јануари

пред 4 години

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, најави дека е можно Месут Озил да се врати во неговиот состав во јануари по јавниот конфликт со поранешниот германски репрезентативец и лошата низа резултати.

Озил е „замрзнат“ во тимот на Артета од март и не беше вклучен во тимот на „топчиите“ за Премиер лигата и Лига Европа, по што тој е најаквитен на социјалните мрежи, каде што „удри“ на тимот со понудата да ја плати платата на маскотата Ганерсаурус, кој беше отпуштен поради намалување на трошоците.

„Сега тој не е во тимот и се фокусирам на играчите кои ми се достапни. Но, има време да се одлучи што ќе се случи во јануари“, изјави Артета.

Поранешниот тренер на Озил, Арсен Венгер неодамна го бранеше Германецот, велејќи дека не е тежок за работа.

„За мене тој не беше тежок човек. Беше момче со специјални квалитети и креативен фудбалер кој мораше да се забавува на теренот. Тој е артист, а таквите фудбалери се почувствителни, потребна им е поддршка“, изјави Венгер.

Share
Scroll to Top