Кирјос си замина од Лејвер купот и најави повлекување од тенисот

Кирјос си замина од Лејвер купот и најави повлекување од тенисот

пред 3 години

Австралиската тениска ѕвезда Ник Кирјос вели дека неговиот настап на Лејвер купот во Бостон оваа година можеби е неговиот последен настап, признавајќи дека размислува за крај на кариерата иако има само 26 години.

Поранешниот топ 20 тенисер загуби во два сета од Стефанос Циципас на вториот ден од натпреварувањето во кое Европа ги освои четирите меча, поведувајќи со 11:1. Кирјос исто така играше во двојки покрај Џон Изнер, и од Вимблдон оваа година има само една победа во шест меча. Тој призна дека сега оди дома да биде со своето семејство, односно со болната мајка, најавувајќи повлекување.

„Ова е мојот последен настап оваа година, морам да одам дома. Патувам четири и пол месеци, а мајка ми не е најдобро со здравјето и сакам да ја видам. Не сакам да играм тенис кога можам да бидам со семејството. Не сум еден од тие тенисери кои бркаат поени или титули и немам што да се докажувам, горд сум на моите успеси. Ова е осма година на турнејата и тоа е многу долго. Видете ги Зверев и Тим, јас бев на турнејата пред нив. Мислам дека можеби ова е мојата последна година“, вели Кирјос.

Кирјос е поранешен број 1 во јуниорска конкуренција, а првпат влезе во топ 50 на 19 години, пред една година подоцна да успее да стигне до максималната 13. позиција на АТП турнејата.

„Ќе се обидам да го дадам максимумот, но нема да лажам и да кажам дека планирам да играм четири или пет години“, објаснува Кирјос, кој има шест АТП титули и над 8.9 милиони долари во наградни фондови.

Share
Scroll to Top