Франција ја декласира Шпанија во Токио

Франција ја декласира Шпанија во Токио

пред 3 години

Франција ја забележа четвртата победа на ракометниот турнир во Токио. Французите во дербито ја победија Шпанија со 37:31. За ракометарите на „црвентата фурија“ ова беше прв пораз на олимпискиот турнир.

Французите изненадувачки лесни се справија со Шпанија. Од почетокот го наметнаа својот ритам, играа цврсто во одбраната, Жерар беше сигурен на голот, а во нападот не промашуваа.

Победникот беше решен по првото полувреме, во кое Франција стекна предност 18:12. Во вториот дел, Франција не попушти, а Шпанија немаше сили да ја загрози предноста на противникот.

Недим Ремили постигна девет гола, а Иго Деска седум за Франција, додека кај Шпанија најефикасни со по пет гола беа Алекс Душебаев и Алекс Гомес.

Франција има четири победи и е прва во А-групата, Шпанија има три победи и пораз.

Во оваа група Бразил ја победи Аргентина 25:23. Бразилците ја забележаа првата победа на ОИ и ги задржаа шансите за пласман во четврт-финалето. Аргентина се уште нема победа.

До првата победа во Б-групата стиган Бахреин. Бахреин го победи домаќинот Јапонија со 32:30.

Share
Scroll to Top