Мајорка без Трајковски го реши Алавес – по бод за Валенсија и Вилјареал на гостувањата

Мајорка без Трајковски го реши Алавес – по бод за Валенсија и Вилјареал на гостувањата

пред 3 години

Мајорка како гостин славеше победа од 1-0 против тимот на Алавес. Стрелец на голот вреден три бода за моментниот лидер во Ла Лига беше Нино во 80 минута.

Инаку и на овој меч во составот го немаше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски. Информациите од Шпанија се дека тренерот на клубот јасно му порачал да ја смени средината затоа што не смета на неговите услуги.

Инаку вечерва неефикасно беше во Барселона каде тимот на Еспањол и гостинот Вилјареал одиграа 0:0.

Нерешено заврши и следниот дуел во Ла Лига меѓу Гранада и Валенсија 1:1.

Суарез во 16 минута ги доведе домашните во водство, а конечниот резултат го постави Солер во 87 минута од белата точка.

Share
Scroll to Top