Ибрахимовиќ: Не сум истиот играч од пред 5 години, но јас сум Златан

Ибрахимовиќ: Не сум истиот играч од пред 5 години, но јас сум Златан

пред 3 години

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ смета дека заслужува да се најде во националниот тим на својата земја иако има речиси 40 години.

Златан доби повик по 5 години откако и рече збогум на Шведска, но сега се предомисли и го прифати повикот на Јане Андерсон.

Шведскиот селектор планира Ибрахимовиќ да го има во составот на ЕП кое треба да се одржи ова лето.

„Не сакам луѓето да мислат дека добив повик поради она што сум го правел во минатото, туку поради она што го правам сега“ изјави Ибра за официјалниот канал на Фудбалскиот сојуз на Шведска.

Златан сезонава во Милан игра одлично.

„Не можам да бидам фудбалер каков што сум бил пред 5, 10, 15 или 20 години. Сега имам поинаков физикус, сепак се одржувам на високо ниво, не мора да се грижите. На списокот сум затоа што сум Златан, јас сум Ибранимовиќ. Тоа е поради она што го носам во тимот, а не поради она што сум го постигнал“ рече Швеѓанецот.

Шведкса овој месец ја очекуваат два квалификациски натпревари за Мундијалот во Катар во 2022 година. На 25 март играат дома играат со Грузија, а 3 дена подоцна гостуваат кај Косово.

Share
Scroll to Top