Рафа сигурно ќе игра во Мелбурн, Федерер не е сигурен

Рафа сигурно ќе игра во Мелбурн, Федерер не е сигурен

пред 4 години

Менаџерот на Рафаел Надал, Бенито Перез Барбадилјо потврди дека 20-кратниот гренд слем шампион ќе игра на Австралија опен во 2021 година во Мелбурн од 8 февруари, додека неговиот стар ривал Роџер Федерер уште не е сигурен за настап по опоравувањето од повредата на коленото.

„Рафа потврди дека ќе патува во Мелбурн“, изјави Барбадилјо за „Ејџ“.

Надал ќе игра по 15-ти пат на австралискиот гренд слем, кој останува единствениот каде што нема освоено барем две титули – само во 2009 година го победи Роџер Федерер во финалето, по што загуби четири финалиња од 2012 до 2019 – две од Новак Ѓоковиќ и по едно од Стен Вавринка и Роџер Федерер.

Надал, како сите тенисери кои ќе пристигнат во Австралија, ќе мора да отслужи 14-дневен карантин – тенисерите ќе пристигнат од 15 до 17 јануари.

Федерер, пак, зборувајќи на церемонијата на која беше прогласен за најдобриот швајцарски спортист во последните 70 години, призна дека не е сигурно дали ќе може да игра во Мелбурн.

„Би сакал да кажам дека сум подготвен, но уште не сум. Сепак, среќен сум од опоравувањето, иако е потребно повеќе време за мојот план. За Австралија, имам трка со времето. Искрено, не сум сигурен дека турнирот ќе стартува на 8 февруари“, вели Федерер, кој нема играно речиси 12 месеци, со последен настап токму во полуфиналето на Австралија опен, каде што загуби од Новак Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top