Џоркаеф: Цела Франција го мрази ПСЖ

Џоркаеф: Цела Франција го мрази ПСЖ

пред 3 години

Во интервју за шпанскиот весник „Ел Паис“, легендата на францускиот фудбал, освојувачот на златото од 1998 година, Јури Џоркаеф отворено зборуваше за статусот на неговиот поранешен клуб Пари Сен-Жермен, оценувајќи дека освен страствените фанови, сите други го мразат ПСЖ.

За разлика од другите француски клубови, ПСЖ е релативно нов клуб, основан во 1970 година од група француски бизисмени кои сакаа да направат силен тим од престолнината, а клучен човек во основањето беше и поранешниот претседател на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу, кој им дал совети за организирање. Тој факт за релативно мала историја, и секако, тоа што доаѓаат од главниот град, го прави тимот омразен кај ривалите.

„Јас бев една година во ПСЖ и имавме добар тим, кој го освои Купот на победниците на купови, прва континетална титула на клубот. Имаше шест-седум репрезентативци. Се сеќавам и кога мојот татко играше таму, тоа беа почетоците на ПСЖ, а ‘Паркот на принцовите’ се градеше тогаш. Мојот брат и јас игравме фудбал на теренот и следниот ден бевме на насловната на ‘Л’Екип’ со порака – ‘Принцовите на Паркот на принцовите’. Таа фотографија секогаш ја носам со мене. ПСЖ е млад клуб, да, но има одлича ДНК и е одлично место за играње фудбал. Но, кога играш за ПСЖ, се бориш против остатокот од Франција. Луѓето навистина го мразат ПСЖ. Шпанија е поделена помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Во Франција има луѓе кои го сакаат Олимпик Марсеј, но тие кои не се навивачи на ОМ, не ги мразат, туку не им е грижа. Истото е и со Лион. Но, не со ПСЖ, ПСЖ го мразиш ако не си нивни навивач. Тоа е уникатно“, вели Џоркаеф.

Share
Scroll to Top