Гризман се враќа во Атлетико – Саул се сели на „Ноу Камп“?

Гризман се враќа во Атлетико – Саул се сели на „Ноу Камп“?

пред 3 години

Барселона и Атлетико Мадрид би можело летово да направат голема размена, пишуваат шпанските медиуми.

Наводно, постои можност Антоан Гризман по две години повторно да се врати на „Ванда Метрополитано“, а во спротивен правец, во Каталонија да замине Саул Нигез.

Преговорите, според информациите, се во почетна фаза, иако набрзо би можеле да се интензивираат.

Саул е голема желба на тренерот на Барса, Роналд Куман, но неговата откупна клаузула е 150 милиони евра, затоа Каталонците размислуваат за размена.


Претходно се појавија информации дека и од таборот на Ливерпул се заинтересирани за шпанскиот фудбалски репрезентативец:

Ливерпул покажале интерес за Саул

Share
Scroll to Top