Нов рекорд на Стеф Кари

Нов рекорд на Стеф Кари

пред 3 години

Стеф Кари, кошаркарот на Голден стејт Вориорс, успеа да постави нов рекорд во НБА лигата. Никој побргу од Кари не постигнал 2.000 поени во една сезона. За подвигот му беа потребни 63 натпревари.

Пред Кари, само двајца играчи успеале за помалку од 70 одиграни натпревари, да постигнат 2.000 поени во една сезона: Ворлд Би Фри во сезоната 1979/80 и Џејмс Харден во сезоната 2019/20. Двајцата во наведените сезони одиграле по 68 натпревари.

Кари е четвртиот играч на Вориорс со постигнати 2.000 поени во една сезона, претходно тоа им успеало на Вилт Чембрлен, Рик Бери и Крис Малин.

За многумина најдобриот шутер во историјата на НБА лигата, регуларниот дел од сезоната го заврши со просек од 32 поени, 5,5 скока и 5,8 асистенции.

Share
Scroll to Top