Бејл нема намера да го раскине договорот со Реал

Бејл нема намера да го раскине договорот со Реал

пред 3 години

Герет Бејл, имал намера да го одработи до крај договорот со Реал Мадрид. Договорот на Велшанецот, кој сезонава е позајмен во Тотенхем, истекува на 30.јуни 2022 година. Наредната сезона за платата, данокот и придонесите, ќе траба да издвои 30 милиони евра.

Герет Бејл, на последниот натпревар со Барнли, потсети зошто пред неколку години беше еден од најдобрите играчи во светот. Со два гола и асистенција блескаше во победата на Тотенхем од 4:0.

Сепак, прашање е дали Тотенхем ќе сакаат да го задржат во тимот и за наредната сезона. Оваа сезона, Тотенхем и реал, по пола ја покриваат неговата плата, која на неделно ниво изнесува 692.660 евра.

„Мирор“, пишува дека доколку не остане во Тотенхем, Бејл планира да се врати во Мадрид, дури и по цена цела сезона да биде на трибините. Очигледно е дека го фатил инаетот и поради се она што му се случуваше на „Сантјаго Бернабеу“, сака да го земе се она што му следува според договорот.

Share
Scroll to Top