Совршен хет-трик на Роналдо против Каљари

Совршен хет-трик на Роналдо против Каљари

пред 3 години

Кристијано Роналдо им одговори на критичарите со хет-трик во победата на Јувентус на Сардинија. „Старата дама“ славеше над Каљари со 3:1.

Јувентус експресно закрепна од елиминацијата од Порто, во Лигата на шампионите. Во Каљари блескаше Кристијано Роналдо, кој постигна совршен хет-трик за само 32.минути. Португалецот погоди со глава, потоа со десна, па со лева.

Роналдо се запиша во историјата на Серија А, постигнал гол на сите 18 стадиони, на кои досега гостувал со Јувентус.

Каљари во второто полувреме го постигнаа почесниот гол преку Џовани Симеоне во 61.минута.

Share
Scroll to Top