„Нејмар е главниот виновник за елиминацијата на ПСЖ“

„Нејмар е главниот виновник за елиминацијата на ПСЖ“

пред 3 години

ПСЖ не успеа да се пласира во финалето во Лигата на шампиони. „Светците“, во два натпревари се поразени од Манчестер сити со вкупни 4:1. Француските медиуми, главен виновник за елиминацијата е Нејмар.

Бразилецот, пред синоќешниот реванш, во Манчестер, изјави дека ќе погина на теренот за да избори пласман во финалето.

Според медиумите Нејмар целосно потфрлил. „Лекип“, го оцени исто како и во првиот дуел, со слаба тројка.

„Вети дека ќе погине на теренот. Ништо не видовме од тоа, губеше топки, додавањата му беа катастрофални, ризикуваше без причина. Не с евиде крај Вокер. Разочарувачки“, пишува „Лекип“.

„Франс фудбал“, тврди дека бил себичен и неподнослив.

„Како да е правило шест пати да ја допреш топката по приемот. Се сакаше да направи сам. Егоцентрик на кого му тргна лошо. Повторно го понесоа емоциите, не играше со главата, беше катастрофален. Ни ја откри својата темна страна“.

Бразилецот доби критики и од „Ле Парисиен“, медиуми кој традиционално им е наклонет на ПСЖ.

„Разочарувачки, исчезна во полу-финалето. Немаше инспирација, не го носеше тимот, како што го направи тоа против Баерн“.

Француските медиуми, се согласуваат дека по елиминацијата од Сити, клубот може да ги разгледа опциите за продажбата на Нејмар, чии договор истекува во јуни 2022 година.

Share
Scroll to Top