Најмногу фудбал оваа година играл Хери Мегваер – повеќе од 79 часа!

Најмногу фудбал оваа година играл Хери Мегваер – повеќе од 79 часа!

пред 3 години

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер имаше година за заборав, откако покрај неколкуте слаби партии тука беше апсењето во Грција и судскиот случај кој го следеше, меѓутоа тоа не му пречеше да е на првото место на листата на фудбалери со најголема минутажа во годината која изминува.

Англичанецот бил на теренот вкупно 4.745 минути до 17 декември, тврди статистиката на „ЦИЕС фудбалска опсерваторија“, или нешто повеќе од 79 часа. Ова е повеќе од второпласираниот на листата, голманот на бразилскиот Интернасионал, Марсело Ломба, кој играм 4.740 минути во 2020, и исто така подобро од дефанзивецот на Манчестер сити Рубен Дијаш, капитенот на Барса, Лионел Меси и соиграчот од Јунајтед, Бруно Фернандеш, кои се топ 4 во класата на фудбалери кои не се голмани.

27-годишниот Мегваер нема пропуштено ниту една минута од Премиер лигата за „ѓаволите“ по потпишувањето од Лестер за 80 милиони фунти во текот на летото 2019, а од стартот на сезоната 2020/21 во септември, нема играно само во два меча на „ѓаволите“, 2:1 победата над ПСЖ во ЛШ и 3:0 победата над Брајтон во Карабао купот. Тој исто така играше во девет меча од Лига Европа минатата сезона, но имаше само четири меча за англиската репрезентација, пропуштајќи ги мечевите во септември поради апсењето во Грција и суспензијата од еден меч за црвениот картон против Данска.

Втор на листата на фудбалери кои не се голмани е Дијаш, кој беше редовен за Бенфика пред трансферот од 64 милиони фунти во Сити ова лето, но тој заостанува 401 минути зад Мегваер. Меси е трет со 4.293 минути, а Фернандеш има 4.164 минути.

Од другата страна на листата, Кристијан Ериксен од Интер има одиграно 54 мечеви, еден повеќе од Мегваер, но не влегува ниту во топ 1.000 според одиграните минути, бидејќи во Интер најчесто влегува како замена.

Share
Scroll to Top