Ал-Хелаифи: Нема да лажам, нашите односи со Реал Мадрид се непостоечки

Ал-Хелаифи: Нема да лажам, нашите односи со Реал Мадрид се непостоечки

пред 2 години

Откако најавуваната вечера на претседателите на Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, Насер Ал-Хелаифи и Флорентино Перез во Париз не се оддржа, Ал-Хелаифи пред денешната мега-пресметка призна дека односите со „кралскиот клуб“ се „непостоечки“.

„Нема да лажам, нашите односи со Реал Мадрид во моментов се непостоечки“, изјави Ал-Хелаифи кратко пред мечот.

Во срцето на несогласувањата секако е Килијан Мбапе, откако ПСЖ неколку пати го обвини Реал дека „зад грб“ се обидува да се договори со Французинот, но тука се и различните визии околу иднината на фудбалот – Перез и Реал се предводици на проектот Европска Суперлига, додека Ал-Хелаифи е потпретседател на УЕФА.

Share
Scroll to Top