Евро-гол на Кореа, кикс на Облак – Атлетико освои бод кај Виљареал

Евро-гол на Кореа, кикс на Облак – Атлетико освои бод кај Виљареал

пред 2 години

Виљареал и Атлетико Мадрид ремизираа 2:2, во дерби мечот, одигран во 21.коло во Примера.

Натпреварот на „Ла Серамика“, започна со спектакуларниот гол на Анхел Кореа. Аргентинецот успеа од пола терен да го совлада Руљи во 11.минута.

Виљареал потоа ја презедоа контролата, Џерар Морено го погоди дирекот, а потоа не реализираша пенал. Облак го одбрани неговиот удар. Одбиената топка, Парехо ја смести во голот, кој потоа ВАР го поништи.

Сепак „жолтата подморница“ израмни до крајот на полувремето. Облак направи киск, не успеа да фати чиста топка, која Пау Торес ја смести во голот.

Во второто полувреме, Џерар Морено со добро додавање ја пресече одбраната на Атлетико, а Алберто Морено погоди за 2:1.

По примениот гол Диего Симеоне ја смени формацијата, Атлетико ја презеде контролата, по што следуваше голот на Кондогбија за 2:2.

Неколку минути подцна Пау Торес речиси од гол-линија ја исфрли топката во корнер по ударот на Лемар.

Во самиот финиш, Атлетико остана со играч помалку. Кондогбија ја напушти играта поради вториот жолт картон.

По ова коло Атлетико се на четвртото место со 33 бода, Виљареал со 29 се на осмото место.

Share
Scroll to Top