Алегри: Загрижен сум, едноставно престанавме да играме

Алегри: Загрижен сум, едноставно престанавме да играме

пред 2 години

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри признава дека е крајно загрижен по 2:0 поразот од Милан, порачувајќи дека едноставно престанале да играат во дербито и дека мора да се „тргнат“ од стравот.

Наавивачите на Јувентус се надеваа дека по 3:0 победата над Болоња и 3:1 триумфот над Макаби Хаифа се врати самодовербата во тимот, но гостувањето на „Сан Сиро“ повторно ги врати старите болки.

„По овој меч, немам многу што да кажам. Бевме во момент во кој изгледаше дека сме се тргнале од негативниот период, но повторно се вративме на истото. Вистинска штета бидејќи бевме добри во првите 20-25 минути, а потоа се повлековме на нашата половина иако немаше потреба за тоа. Многу лоши додавња, многу несигурност и гоп плативме тоа. Не се работи за физички проблем на тимот, туку психолошки. Веќе загубивме многу поени од понископласирани тимови, така што за големите мечеви ни е потребна самодоверба. Откако Леао ја погоди пречката, почнавме да одиме наназад. Ако не го решиме ова нема да имаме добра сезона“, признава Алегри.

Share
Scroll to Top