Компанијата „Модерна“ објави дека одредени документи поврзани со поднесување на нивната вакцина против Ковид-19 за одобрување биле изложени на хакерски напад минатата недела.
Европската агенција за лекови (ЕМА) беше цел на сајбер-напад, а меѓу другото, криминалците пристапија до некои документи поврзани со вакцината на „Модерна“.
ЕМА, која одобрува лекови и вакцини за Европската Унија, на почетокот на овој месец соопшти дека биле нападнати нивните сервери, а покрај компанијата „Модерна“, биле загрозени и документите на компанијата „Фајзер“ и „Бајонтек“, кои исто така развиваат вакцина против коронавирус.