(Фото) Златна када и скапи антиквитети: Кендал Џенер ја отвори вратата од својот дом

(Фото) Златна када и скапи антиквитети: Кендал Џенер ја отвори вратата од својот дом

пред 4 години

Антиквитети и светлосни инсталации, златна када и дрвена маса – се само дел од деталите во домот на познатиот модел кој привлекува внимание ширум светот.

Домот на Кендел Џенер не е она што би го очекувале од еден од најпознатите и најдобри платени модели на светот, која пораснала пред камерите на реалните шоуа.

За разлика од домовите на нејзините сестри, во кои се застапени сјајните мермерни и минималистички гарнитури, куќата на Кендал Џенер ја карактеризираат разновидни текстури, старински парчиња и топли тонови.

Вратата на својот дом ја уреди со помош на дизајнерите Кејтлин и Томи Клементс, а ја отвори за најпомпезниот магазин за уредување домови.

Бидејќи не е некој голем љубител на големи журки во својот дом, туку сака да е во интимно опкружување, гледајќи кошаркарски натпревари, удобноста ѝ беше на прво место.

Многу од деталите кои ни влегоа во око е камената маса која моментално е „ин“ парче, како и камениот мијалник со нагласена текстура, кадата со златен сјај, но и неколкуте слики од познати уметници како што Трејси Емин, Барбара Кругер и Ричард Принц.

Она што исто така го привлекува вниманието е ателјето. Кендал некогашната просторија за гледање филмови ја претвори во оаза за својот омилен начин на опуштање – сликањето.

Share
Scroll to Top