Најмалку осум руски тајни агенти учествувале во труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, објави медиумите кои учествувале во обемното истражување.Меѓу нив е и германскиот Дер Шпигел, заеднно со истражувачките платформи Белингкат и Инсајдер, односно американскиот информативен ТВ канал Си-ен-ен.
Според нив, шестмина агенти директно ја спровеле акцијата и уште двајца агенти кои очигледно ја воделе операцијата. Самиот Навални зборуваше за овие извештаи преку Инстаграм. „Знам кој сакаше да ме убие“, рече тој и објави фотографии од осум мажи.
„Шпигел“ пишува дека, пред се врз основа на анализата на податоците за употреба на мобилна телефонија, ГПС и слични податоци за локацијата, односно анализата на бројни списоци на патници кои користеле домашни авиокомпании, може да се реконструира дека Навални, гласен критичар на Кремљ, уште од 2017 година бил мета на тимот на ФСБ.
Според германскиот магазин, агентите на ФСБ полетале повеќе од 30 пати (пред него) до дестинациите до кои патувал и Навални – и набргу потоа се вратиле во Москва. Двајцата луѓе за кои се вели дека ја воделе операцијата се наводно членови на две единици на ФСБ кои во минатото биле поврзани со убиства на труење – Институтот за криминалистика и Центарот за специјални техники.
За еден од двајцата се вели дека редовно комуницирал со хемиски лаборатории поврзани со програмата на рускиот новичок. Сите осум идентификувани претходно биле активни во медицинскиот или хемискиот сектор, односно работеле за руските специјални единици, пишуваат медиумите.
Во интервју за Дојче Веле, известувачот на платформата Белинкат, Арик Толер зборуваше за истражувањето. Тој тврди дека тие „не се обични агенти на ФСБ“, односно дека биле обучени за употреба на хемиско оружје. Толер вели дека истражувачкиот тим бил изненаден од интензитетот со кој агентите го следеле Навални од 2017 година.
На 20 август годинава, Алексеј Навални колабираше на летот помеѓу Томск во Сибир и Москва. Два дена подоцна, 44-годишникот, кој во тоа време сè уште беше во кома, беше пренесен на лекување на Универзитетската клиника во Берлин.
Според три европски лаборатории, чии резултати беа потврдени од Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје (OPCW), Навални беше отруен со нервен отров од групата на новичок којшто беше развиен во Советскиот Сојуз.
Навални се уште е во Германија и во моментов е на рехабилитација. По закрепнувањето, како што најави, сака да се врати во Русија.Кремљ негира каква било вмешаност во случајот.