(Видео) Полицајци маскирани како Дедо Мраз и неговите џуџиња уапсиja дилер во Перу

пред 4 години

Перуански полицајци, маскирани како Дедо Мраз и неговите верни џуџиња, упаднале во куќа во Лима не за да донесат подароци, туку за да уапсат човек осомничен за трговија со дрога.

Маскираните агенти со цивилно комбе стигнале до куќата на осомничениот и упаднале во неа со помош на голем чекан, облечени во црвено-бела и зелена облека, јавија локалните медиуми.

Полицијата во неговата куќа пронашла торба со неколку стотици пакетчиња марихуана и кокаин, револвер и фантомка. Уапсениот претходно бил снимен како продава дрога пред неговата куќа во близина на училиште.

Спроведувањето рации со маскирани полицајци, особено за разбивање на нарко-банди, е вообичаена тактика на перуанската полиција. Властите тврдат дека маскирањето и елементот на изненадување донеле значителен успех во последните неколку години.

Share
Scroll to Top