Кремљ ги обвинува Западот и Киев за прекинот на испораката на жито

пред 2 години

Светот би можел да биде на работ на голема криза со храна поради незаконските ограничувања наметнати на Русија од западните земји и одлуката на украинските власти да не снабдуваат жито, објави денеска Кремљ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Ние сме потенцијално на работ на многу длабока криза со храна поврзана со воведувањето незаконски ограничувања против нас и активностите на украинските власти кои го минираа патот кон Црното Море и не испорачуваат жито од таму и покрај фактот што Русија не ги попречува во ништо“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Повеќе од три месеци од почетокот на конфликтот во Украина, Русија окупираше големи делови од брегот на својот сосед и ги блокира нејзините пристаништа, но за прекинот на испораката на жито ги обвинува западните санкции и Киев, наведува британската агенција.

Share
Scroll to Top