Уапсен сенатор во Франција – дрогирал пратеничка со намера да ја силува

Уапсен сенатор во Франција – дрогирал пратеничка со намера да ја силува

пред 6 месеци

Француски сенатор е уапсен и испрашуван во полиција под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне.

Џоел Гериу (66), политичар на десниот центар Независни, беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој беше претресен заедно со неговата канцеларија.

Француските обвинители изјавија за агенцијата „Франс прес“ дека Гери, сенатор од Лоара-Атлантик, бил испрашуван затоа што „некому, против неговото знаење, му дал супстанција што може да го промени неговиот разум или контрола врз неговите постапки за да изврши силување или сексуален напад“.

Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта.

Текстот Уапсен сенатор во Франција – дрогирал пратеничка со намера да ја силува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top