На третиот ден од масовната вакцинација во САД, првите дози на вакцината пристигнаа во домовите за стари лица, каде што коронавирусот досега однесе 110.000 животи низ целата земја.
„Се надевам дека ќе ми помогне да не се заразам со вирусот“, вели пензионираната учителка Вера Леип (88) од еден дом во близина на Форт Лодердејл.
Илјадници постари Американци ќе бидат вакцинирани во своите домови во наредните денови.