Манчестер јунајтед не си дозволи пораз од „фенерџијата“ во Премиер лигата

Манчестер јунајтед не си дозволи пораз од „фенерџијата“ во Премиер лигата

пред 4 години

Иако веќе во петтата минута губеа со 1:0, Манчестер јунајтед не си дозволија пораз од последнопласираниот тим на Шефилд јунајтед на „Брамал лејн“, стигнувајќи до 3:2 победа.

Дејвид Мекголдрик го искористи киксот на двајца поранешни фудбалери на Шефилд јунајтед, капитенот на „ѓаволите“ Хери Мегваер и голманот Дин Хендерсон за да ги шокира „ѓаволите“ уште во петтата минута. Меѓутоа, овојпат, Јунајтед не оставија долго да трае овој резултат – Маркус Рашфорд во 26. минута и Антони Марсијал во 33. минута осигураа на полувреме да се оди со 1:2 предност.

Рашфорд во 51. минута зголеми на 3:1, а Мекголдрик во 87. минута уште еднаш го совлада својот поранешен соиграч Хендерсон за 3:2 и нервозни последни минути за фаворитот.

Со трите поени, Јунајтед се искачија на шестото место на табелата со 23 поени, пет помалку од лидерот Ливерпул, но со натпревар помалку. „Блејдс“ пак остануваат заковани на дното на лигата со само 1 поен по 13 натпревари.

Share
Scroll to Top