Тешка повреда на Рендолф – Американецот ја скинал Ахловата тетива

Тешка повреда на Рендолф – Американецот ја скинал Ахловата тетива

пред 4 години

Кошаркарот на Реал Мадрид, Ентони Рендолф, поради повреда на Ахиловата тетива ја заврши сезоната. Американецот, кој има и пасош на Словенија, се повреди синоќа на натпреварот против Олимпијакос во Атина.

Шпанските медиуми пишуваат дека Рендолф доживеал комплетна руптура на Ахиловата тетива и дека во наредните неколку дена ќе биде опериран.

Повредата на Рендолф е втор голем удар за шампионските амбиции на Реал. „Кралскиот клуб“ пред две недели остана без Факундо Кампацо кој се пресели во Денвер Нагетс.

Рендолф, оваа сезона, во Евролигата просечно по натпревар бележи 9,3 поени и 3,6 скока.

Share
Scroll to Top