Белгијците вакцинирани ќе одат на ЕУРО 2020

Белгијците вакцинирани ќе одат на ЕУРО 2020

пред 3 години

Репрезентативиците на Белгија, ќе се вакцинираат пред почетокот на ЕУРО 2020, соопшти Владата на оваа земја.

Најдобро рангираниот тим на ФИФА листата, ќе биде еден од главните фаворити за освојување на титулата на првенството кое ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.

„Ова е важно за сите нас. Сакаме да бидеме безбедни на ЕП. Благодарни им сме на луѓето кои ни овозможија ова да се случи“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Белгија.

Лукаку, Азар, Де Брујне, Кууртоа, Мертенс, Караско и останатите ќе се вакцинираат со вакцината „Џонсон и Џонсон“.

Првиот меч на првенството Белгија ќе го одигра на 12.јуни против Русија. Покрај овое два тима, во Б-групата партиципираат и селекциите на Данска и Финска.

Share
Scroll to Top