Рубљов ги насмеа сите по поразот од Ѓоковиќ: Не, не, не! Не сакам повеќе да играм против Новак

Рубљов ги насмеа сите по поразот од Ѓоковиќ: Не, не, не! Не сакам повеќе да играм против Новак

пред 6 месеци

Андреј Рубљов ги насмеа сите пред дуелот против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз кога рече дека ништо не научил од претходните дуели против него, а по загубениот меч во салата Берси добивме нова изјава која ќе се прераскажува.

Андреј Рубљов даде се од себе за да го победи Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз, го освои првиот сет, беше на чекор од освојување на вториот, но не успеа. Србинот уште еднаш покажа зошто е најдобар на сите времиња.

Кога Рубљов во полуфиналната најава истакна дека ништо не научил од претходните натпревари против Ѓоковиќ, таа негова изјава стана вирална и ги насмеа сите тениски фанови ширум светот, а по загубениот меч во Берси добивме нова изјава која ќе се прераскажува.

Колегите кои известуваа од Берси му го поставија на Русинот следново прашање:

– Што мислиш, што ќе направи разлика на следниот меч што го играш против Ноле?

Русинот беше искрен:

– Не не не! Не сакам следниот пат да играм против Новак! Тоа е се што сакам.

Но, можност за нова средба меѓу Рубљов и Ѓоковиќ веќе постои на завршниот Мастерс во Торино, кој започнува на 13 ноември.

Ноле во финалето оваа недела од 15 часот ќе игра против Григор Димитров, моментално 17. тенисер во светот.

Share
Scroll to Top