„Ф1 стана спорт за деца на богати родители“

„Ф1 стана спорт за деца на богати родители“

пред 3 години

Луис Хамилтон, седумкратниот Ф1 шампион, во интервју за „АС“, ја коментирал моменталната ситуација во шампионатот. Анализирајќи ја ситуацијата, Хамилтон, истакнал, дека тој како дете од работнички семејство, денес никако не би можел да добие шанса да вози во Ф1.

Денес во Ф1 возат синови на тројца милијардери: Ленс Строл, Николас Латифи и Никита Мазепин.

„Пораснав во работнички семејство, сигурно е дека не би бил овде, доколку во тоа време ситуацијата беше каква што е денес. Денес морате да се натпреварувате со парите на другите возачи. Ф1 стана спорт за синовите на милијардерите. Работите не беа такви кога јас ја започнував кариерата“, рекол Хамилтон.

„Мораме да се направат промени, Ф1 мора да им биде достапна и на оние од „нормалните“ семејства“.

Таткото на Хамилтон, на почетоците на неговата кариера работел неколку работи за да може да го финансира. Талентот на Хамилтон на 13-годишна возраст го открија Мерцедес.

Share
Scroll to Top