Шкендија победи во Велес

пред 3 години

Фудбалерите на Шкендија, во привот натпревар од 15.коло, забележаа гостинска победа од 2:0 над Борец. Стрелци на головите за лидерот на табелата беа Ибраими од пенал во 25. и Дориев во 84.минута. Борец не ги искористи своите шанси и периодите на добрата игра за да остане непоразен. Од таборот на домашниот тим имаат и промедби на судењето. Шкендија на врвот има 33 поени, пет повеќе од Шкупи, додека Борец на четвртото место има 22 бода. Останатите од 15.коло се играат утре од 13 часот: Вардар – Работнички, Пелистер – Шкупи, Струга ТЛ – Академија Пандев, Ренова – Силекс, Беласица – Македонија ЃП. Фото/facebook.com/fcshkendija

Share
Scroll to Top