9.000 петарди пронајдени во автомобил во Тетово

пред 4 години

Тетовската полиција денеска уапси 27-годишник од селото Селце, со иницијали Љ.А, кој бил фатен со 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети.

Како што информираат од МВР, претресот се случил пред поштата во Тетово во автомобил „форд фиеста“, со тетовска регистарација, паркиран од страна на приведениот.

При преглед во возилото е пронајдена големата количина на пиротехнички материјал, сместен во багажникот и на задното седиште.

Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот, против 27-годишникот ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде времено одземено.

Share
Scroll to Top