„Локалната власт на СДСМ поставува нови стандарди во засадување на нови дрвја и зеленило во централните населби. Во Општина Карпош, долж булеварот „8 Септември“ засаден е најдолгиот црвен дрворед, со повеќе од 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести садници.Градот Скопје интензивно се грижи за надоместување на изгубеното зеленило. Со новиот начин на работа, пешачките и велосипедските патеки се одвојуваат со коридор од ново зеленило, со што се придонесува за поголеми зелени површини и во должина на најфреквентните сообраќајници“, изјави Наталија Спировска, од Општинската организација на СДСМ во Карпош.
„Новите живи огради, жардиниери придонесуваат и за апсорбирање на прашината, како и намалување на бучавата во урбаното јадро.Долги години, граѓаните на нашиот главен град живееја во сообраќаен хаос, а јавните зелени површини беа узурпирани за потребите на урбаната мафија.
Изминатиов период, Социјалдемократскиот сојуз преку Градот Скопје, локалните самоуправи и јавните претпријатија водат интензивна грижа за да се зголеми зеленилото, а на тој начин да се придонесе и кон намалување на аерозагадувањето.Во есенската акција на Градот се садат и нови 15.000 висококвалитетни садници, на територија на сите општини. Се вложува и во нови зелени скверови, кои на населбите им даваат нова вредност, а на граѓаните простор за спорт и рекреација.Во претстојниот период како одговорна партија уште повеќе се фокусираме кон реализација на проекти кои имаат за цел да го направат Скопје позелена и почиста метропола“, додаде таа.