Зидан: Пенал за Еибар? Судијата е тој што ги носи одлуките

Зидан: Пенал за Еибар? Судијата е тој што ги носи одлуките

пред 4 години

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не сакал да ја коментира спорната ситуација, што се случи во финишот на натпреварот со Еибар.

Реал победи во Еибар со 1:3. Домашните фудбалери во 81.минута, при резултат 1:2, бараа пенал поради играњето со рака на Серхио Рамос. Судијата не сакаше да ја погледне снимката од спорната ситуација.

„Најважно е дека судијата беше сигурен во својата одлука. Не сакам да се мешам. Судијата е тука, тој решава“, рекол тренерот на Реал.

Реал со четвртата победа во низа се израмни на првото место со Атлетико. Двата тима имаат по 29 поени, но Реал има одиграно два натпревари повеќе.

Share
Scroll to Top