Сите земји во светот немаат пристап до брз и стабилен интернет, што е причината поради која некои компании развиваат „лајт“ верзии на своите апликации, кои се поограничени и наменети за корисниците кои живеат во подрачја со послаба интернет-врска. Instagram сега се врати со својата нова апликација Lite, која е „тешка“ со само 2 MB.
Instagram претходно оваа година ја укина претходната верзија на својата Lite апликација, а компанијата тогаш истакна дека работи на нова верзија. Се чини дека апликацијата е официјално објавена, иако во моментов е достапна само во Индија.
Instagram Lite верзијата на апликацијата функционира како стандардниот Instagram, каде што корисниците имаат пристап до основните карактеристики како што се Feeds и Stories. Меѓутоа, исфрлени се некои понови функции, како Reels и IGTV, и ги нема ни AR заснованите стикери кои што се користат во редовната апликација при поставување содржини во Stories. Освен тоа, Instagram Lite и натаму е целосно функционална апликација.
Засега нема информации за тоа дали има планови за поширока објава на Lite верзијата на апликацијата во иднина.