Милвоки Бакс ги прекршиле правилата, поставени од НБА лигата, кога преговарале со Богдан Богдановиќ. Бакс со српскиот репрезентативец преговорите ги започнале пред да започне преодниот рок.
Според НБА, разговорите биле недозволени и штетни за лигата. НБА соопшти дека на Милвоки Бакс ќе им биде ускратено правото на еден пик во втората рунда на драфтот што ќе се одржи наредната година.
На крајот Милвоки и Богдановиќ не се договорија. Шансата ја искористија Атланта Хокс кои успеаја да го убедат да се пресели во графот на „Кока Кола“.
NBA announces loss of second-round pick for the Bucks. pic.twitter.com/gHxSRj3lNO
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) December 21, 2020