Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ немаше учество во протестите на “За заедничка Македонија”

пред 3 години

Ексградоначалникот на Град Скопје и функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски како сведок на рочиштето за организаторите на “27 април”, рече дека партијата немала учевство во протестите на “За заедничка Македонија”. Според него, народот излегол на улица бидејќи, како што кажа, почувствувале дека нешто се подготвува во Македонија.

„ Во 2016 година, декември, ВМРО-ДПМНЕ доби најголем број на пратеници во парламентот. Притоа, се направија такви комбинации со кои партијата не можеше да формира влада. Се направи мнозинство. Се вознемири политичката сцена во Македонија и народот нормално кој што даде најголема доверба со оглед на пратениците кои ги добивме, поради тоа излегуваа на улица. Почувствуваа дека нешто се подготвува во Македонија, тоа се мои претпоставки. ВМРО-ДПМНЕ, овие протести ги оцени како спонтани, ненасилни. ВМРО-ДПМНЕ немаше учевство во овие протести”, рече Трајановски.

Контакт со Јанакиески и Ристовски имал, но не за 27 април, рече Трајановски, појаснуваќи дека тој во тој период бил градоначалник. Тој негираше дека обвинетите ги координирале градскиот комитет во Скопје. Трајановски беше дециден дека ВМРО-ДПМНЕ не ги организирало протестите кои резултираа со насилен влез во Собранието.

„ Со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не сум имал конктакт за протестите. Јас никогаш не сум ургирал на ниту еден во администрацијата да излегува на протести, ниту сум влијаел врз институциите под надлежност на Град Скопје”, додаде Трајановски.

Тој негираше дека Јанакиески и Ристовски имале меѓусебна комуникација поврзана за настаните од “27 април”.

„ Моите сознанија се дека ниту Спиро Ристовски, ниту Миле Јанакиески имале комуникација поврзана со ‘27 април’”, рече Трајановски.

Share
Scroll to Top