Бектеши-Красниќи: Продлабочување на економската соработка помеѓу Косово и Северна Македонија главна тема на заедничката владина седница

пред 4 години

Продлабочувањето на економската соработка меѓу Република Косово и Северна Македонија како две соседни земји е приоритет. И во минатото досега ние имавме одлична соработка која што очекуваме дека дополнително ќе се зголеми по потпишување на повеќе меморандуми и договори на заедничката седница на двете Влади која е предвидено да се одржи на 25 јануари следната година, истакна министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска прими делегација од Република Косово предводена од министерот за трговија и индустрија Весел Красниќи.

Двајцата министри на билатералната средба разговараа за можностите за зголемување на соработката меѓу двете земји во делот на туризмот, претприемништвото, индустријата и технологијата.

„ Разговаравме за можни инвестиции во областа на туризмот, а една од главните теми беше Попова Шапка или заеднички да привлечеме инвеститори и во делот на Брезовица, но и на Попова Шапка. Тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и во двете земји. Друга важна тема на која разговаравме е воспоставување оne- stop шоп или заедничка гранична точка во рамките на царинската точка Блаце и повеќе од убеден сум дека по потпишувањето на договорот од неколку месеци за признавање на фитосанитарни сертификати се исполнети скоро сите предуслови за оваа заедничка гранична точка да се воспостави, истакна министерот за економија Крешник Бектеши по завршувањето ан билатерналната средба.

Министерот за трговија и индустрија Весел Красниќи му се заблагодари на министерот Бектеши за досегашното гостопримство и соработка и истакна дека оваа соработка наскоро ќе доведе до потпишување важни договори за двете земји.

„ Имав чест и задоволство да го посетам министерот за економија на Република Северна Македонија, на кого би сакал да му се заблагодарам за братското гостопримство каде разговаравме за многу важни теми за двете соседни земји. Претходно одржавме заеднички состаноци преку нашите оддели каде се согласивме на заеднички состанок на двете влади закажан за 25 јануари да се постигнат неколку договори од областа на економијата и трговијата. Разговаравме и за стратешките стоки кои се од големо значење за обете земји, стоките што транзитираат низ Северна Македонија, како и преку Косово и заедно дополнително ќе ја зголемиме заедничката заложба за посилна контрола на стоките што минуваат низ двете земји“ изјави министерот Красниќи.

Двајцата министри ветија дека ќе продолжат со соработката и во иднина и во други области и покрај тоа што беше дискутирано денес.

Share
Scroll to Top