Возачи на камиони се судрија со полицијата во британското пристаниште Довер откако им беше забрането да влезат во Франција. Иако подоцна Франција ја ублажи забраната за влез, стотина камионџии останаа заглавени на пристаништето.
Француските власти донесоа одлука да им дозволи влез на камионџиите, но со негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа.

Бесни што најверојатно нема да можат да го поминат Божик со семејството, но и поради недостиг на храна и студеното време, камионџиите извикуваа: „Отворете ја границата, сакаме да си одиме дома“ и „Е*и се Борис“.
Околу 50 земји воведоа забрана за влез на патници од Велика Британија откако во земјата се појави нов вид на коронавирус, кој се шири побрзо.






