Нова велосипедска патека на улицата Никола Парапунов

пред 4 години

Град Скопје целосно ја реконструира велосипедската патека на улицата Никола Парапунов. Оваа велосипедска патека е во должина од 580 метри и претставува важен конектор на двете главни велосипедски рути во Скопје кои се протегаат по должината на булеварите Партизански одреди и Илинден.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кажа дека на локалните жители кои дел од овој простор го користеле како паркиралиште, им поделиле флаери и ги замолиле да не навлегуваат со своите возила на велосипедската патека.

„Сега засега е коректен односот на граѓаните, но ако видиме дека тоа не ни успева ќе почнеме најпрво со опомени, а потоа и со казнување. Подготвени сме и физички да ја одделиме оваа патека, со столпчиња“, додаде Шилегов.

Share
Scroll to Top