Педесет и осумгодишна жена од струмичкото село Вељуса избегала од струмичката болница, каде што била хоспитализирана, соопшти МВР.
„Во период од 2.11.2020 до 7.11.2020 пријавената своеволно, без да потпише изјава и да го информира дежурниот медицински персонал, го напуштила Одделението за инфективни болести при Општа болница – Струмица, каде што била хоспитализирана“, се наведува во соопштението на МВР.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(58), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.