Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

пред 3 години

Четириесет и седумгодишен маж од Азербејџан е уапсен во Скопје, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан. Човекот се барал за издржување на казна затвор во времетрање од 12 години.

Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.

Share
Scroll to Top