(Фото) Мојата карпа веќе 20 години: Тијана објави фотографија со сопругот

(Фото) Мојата карпа веќе 20 години: Тијана објави фотографија со сопругот

пред 4 години

Тијана Дапчевиќ, по подолго време, објави фотографија со сопругот Милан. Ова е една од нивните ретки заеднички фотографии во јавноста.

„Мојот мил Дапче воопшто не сака да се слика и секогаш едвај го фаќам за фото. Мојата карпа и ветер во грбот веќе 20 години“, напиша Тијана на „Инстаграм“.

Тијана, која во моментот е актуелна со улогата на Ула во хит-серијата „Преспав“, на социјалните мрежи постојано споделува семејни слики, но таму е најчесто со синот Вук или со сестра си Тамара и нејзините деца, Хана и Дарин.

Share
Scroll to Top