Си-ен-ен забрани алкохол, водителите трезни ќе известуваат за новогодишната ноќ

Си-ен-ен забрани алкохол, водителите трезни ќе известуваат за новогодишната ноќ

пред 1 година

Новогодишна ноќ без алкохол за водителите кои ќе бидат ангажирани да известуваат во живо, побара американската телевизиска мрежа Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите години, Американците се навикнаа да го гледаат водителот Андерсон Купер, како тој и неговите колеги пијат алкохолни пијалоци на „Тајмс сквер“ во Њујорк за време на новогодишната ноќ.

Еден од водителите, Дон Лемон, пред неколку години во живо си направи дупче на едното уво изјавувајќи дека може „да му го бакнат з**никот и не му е гајле“. Потоа појасни дека има право да си го каже своето мислење.

Новиот претседател на мрежата, Крис Лихт, на неодамнешниот состанок на редакцијата нагласи дека претерувањето со алкохол во преносите во живо му штети на угледот на Си-ен-ен.

Share
Scroll to Top